еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Хан му порачал на Заев: Не се потребни избори, туку двотретинско мнозинство во Собранието

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори во Македонија, туку треба да се искористи можноста и да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот со Грција.

Во изјава за австрискиот весник „Курир“, Хан вели дека оваа порака веќе му ја пренел на македонскиот премиер Зоран Заев.

– Новите избори ќе бидат само одоговлекување на патот кон почеток на преговорите за пристапување на ПЈРМ во ЕУ, што е планирано за летото наредната година, вели Хан.

Во врска со референдумот, Хан истакнува дека не може да се каже оти бил неуспешен.

– Невооибичаено е на референдум да се добие поддршка од 94 проценти, но да излезат само 36,8 отсто од гласачите, и тоа бидејќи опозицијата очигледно беше успешна во бојкотирањето, истакнува еврокомесарот.

Хан смета дека во Парламентот може да се обезбеди двотретинско мнозинство.

– Потребни се осум или девет гласови од опозицијата и тоа мора да биде остварено. Сите велат дека сакаат членство во ЕУ и НАТО вклучувајќи ја и опозицијата, а тогаш едноставно мора да ја платите цената на ова решение. Станува збор за решение кое е во интерес на земјата, а не на партиите и политичарите. И во таков случај како можат да се обезбедат гласовите? Јас верувам со комбинација меѓу балканското и рационалното, истакнува евокомесарот Јоханес Хан.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени се осум болни од Ковид-19

Редакција

Јавноста исклучена за снимките за „Рекет“ на Кичеец

Редакција

Децата од Гевгелија имаат обична вирусна инфекција, им се „буди“ имунитетот, вели Филипче

Редакција