еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во април 41.085 денари

Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41.085 денари.

Просечната бруто-плата пак е 61.703 денари.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование (21,8%), земјоделство, шумарство и рибарство (18,6%) и информации и комуникации (18%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (6,3%), информации и комуникации (5,7%) и транспорт и складирање (4,9%).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемени трошоците на МРТ

Редакција

Раст на депозитите и кредитите во првиот квартал годинава

Редакција

Регионот заедно ќе одлучува како ќе одговори на повисоките царини кои ги воведе Косово

Редакција