еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Клиника Жан Митрев се проширува со оддел стоматологија и нови услуги во центарот за естетска дерматологија

На Клиниката Жан Митрев наскоро ќе почне со работа новиот оддел за стоматологија а центарот за естетска дерматологија е збогатен со нови услуги и апарати, информираат од таму.

Во стоматолошкиот центар ќе се практикуваат најсовремените трендови на прецизна дигитална стоматологија. Достапни се сите услуги од областа на ендодонција, отродонција, фиксна и мобилна протетика, орална хирургија и имплантологија. Со помош на најсовремена 3Д технологија, високостручниот тим стоматолози ќе изработува индивидуален план и ќе ги предлага најдобрите решенија за секој пациент.

Во центарот за естетска дерматологија, искусниот лекарски тим покрај дијагностичките процедури, ќе ги изведува сите зафати од дерматохирургија, медицинска козметологија, мезотерапии и биоревитализации, ботокс, дермални филери, нехируршки лифтинг со Ulthera и популарната дигитална дермоскопија со Fotofinder.

Единствено во Клиника Жан Митрев, во Центарот за естетска дерматологија е достапен најмоќниот и технолошки најнапредниот ласер Nordlys од американскиот премиум бренд Candela, посочуваат од таму. Оваа ласерска платформа овозможува вистинско решение за дерматолошки и естетски проблеми како трајно отстранување на влакна, брчки, лузни и стрии, хиперпигментации, розацеа, телеангиектазии, хемангиоми, капилари и вени, бенки, брадавици, габични инфекции на нокти и уште многу други.

Центарот за естетска дерматологија е снабден и со хипербарна комора каде се изведуваат кислородни хипербарни терапии кои му помагаат на организмот побрзо да заздрави, зацели и да се регенерира.

Проширувањето на Клиника Жан Митрев ќе продолжи и во други медицински области, со отворање нови оддели со што ќе се зголемат услугите за пациентите и квалитетно на здравствената нега.

Со проширувањето на областите во кои работи и поседувањето на JCI акредитацијата којашто се смета за Златен стандард глобално во поглед на квалитет на услугите и безбедност на пациентите, Клиника Жан Митрев ги подига стандардите на здравствената нега во земјава и го унапредува здравствениот систем во целост, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22 починати од Ковид-19, дополнително пријавени уште 12 лица

Редакција

Денеска официјално започнува кампањата за парламентарните избори

Редакција

Агенцијата за вработување склучи договор со Семос компјутерски образовен центар вреден 988,4 илјади евра

Редакција