еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Никој не освои мнозинство на изборите во Франција, крајната десница трета

Левичарската коалиција Нов народен фронт (НПФ), составена од екстремната левица – ЛФИ, Социјалистите и Зелените, победи на парламентарните избори во Франција, но не освои мнозинство за да формира Влада.

Втор е сојузот Заедно на францускиот претседател Емануел Макрон, а на трето место заврши екстремната десница – Националниот собир (НО) и сојузниците, кои во првиот круг беа први.

Според последните податоци, НПФ треба да има 182 пратеници, сојузот Заедно 168, а РН и сојузниците 143, што ќе го подели францускиот Парламентот на три големи блока со значително различни платформи и без традиција да соработуваат, што може да ја турне земјата во нова политичка криза.

Премиерот Габриел Атал денеска ќе поднесе оставка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Референдум за името: Кој се може да гласа?

Редакција

Средба Ковачевски-Петков: Бугарија се согласила на употреба на краткото име Северна Македонија

Редакција

ЈКП Водовод Битола склучи договор со „Енерџи деливери солушнс„ вреден 575,6 илјади евра

Редакција