Пред неколку дена од македонската Влада информираа дека унгарската групација 4iG, која сака да влезе на телекомуникацискиот пазар во Македонија, испратила писмо за намери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
4iG освен мобилна и фиксна телефонија, нуди и голем број на ИТ услуги, вклучувајќи и развој на софтвер, управувани услуги и сајбер безбедност и понуди за управување со центри за податоци и „облак“, а интересно е дека таа годинава ќе го лансира и првиот унгарски сателит во орбитата.
Групацијата заедно со „Антена Унгарија“ и „Њу спејс индустрис“, ја регистрираа компанијата „Карпатија Сат“, која ќе го лансира сателитот што е погоден за емитување, интернет и телефонски услуги, пренос на податоци…
Групацијата е втор по големина телекомуникациски оператор во Унгарија, а на Балканот е присутна во Црна Гора и Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш