еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Позитивната листа на лекови дополнета со девет генерики

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лека по генеричко име, односно по форма и јачина позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека, информираат од таму.

Како што се појаснуваат од ФЗО, ова подразбира проширување на позитивната листа на лекови со 59 бренд заштитни имиња и тоа за: крвни болести – антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor), болести на срце и крвни садови – против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate), за централен нервен систем – антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).

Проценетото влијание врз буџетот на Фондот на годишно ниво е околу еден милион евра, посочуваат од ФЗО.

Ова е прво дополнување на листата по 2014 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Останува отворена само Богородица до 22 часот, овие се сите услови и правила за влез во Грција

Редакција

Активни пожари во Сарај, Новаци и Кавадарци

Редакција

Тело на 26-годишен македонски државјанин пронајдено во Софија

Редакција