еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Нема да дознаеме на кој требало да влијаат судијата Георгиев и Мемети, кои признаа дека земале поткуп и се спогодија со Обвинителството

Поранешниот врховен судија Наќе Георгиев и поранешниот народен правобранител Иџет Мемети се спогодија со Основното јавно обвинителство за гонење и организиран криминал и корупција и признаа дека земале поткуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е судијата Наќе Георгиев, кој призна дека земал мито и се спогоди со Обвинителството

Кој е Иџет Мемети, кој остана без пасош поради случајот со судијата Георгиев

Тие беа осомничени оти лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на поранешниот градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.

Со тоа што се спогодија, јавноста никогаш нема да дознае на кој требало да влијаат за да му ја олеснат затворската казна на Стојчев. На една личност или на повеќе.

Доколку имаше судење јавноста ќе дознаеше многу повеќе детали за овој скандалозен случај – слика прилика на македонското правосудство.

Јавноста исто така нема дознае ни дали им било првпат на Георгиев и Мемети да примат поткуп за да влијаат на правосудни одлуки.

Овој случај е еден од многубројните кој пластично покажува во колку лоша состојба е македонското правосудство, за кое изминативе децении слушнавме многу најави за реформи, но наместо тоа политичарите и понатаму продолжија да си го користат за лични потреби и пресметки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој го пушти Рамадани во куќен притвор од каде избега

Каков имот пријавил судијата Наќе Георгиев, кој призна дека земал поткуп и се спогоди со Обвинителството

Каков имот пријавил Иџет Мемети, кој призна дека земал мито и се спогоди со Обвинителството

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Без резултати од првиот круг на преговори помеѓу Москва и Киев, ќе има втор

Редакција

(ВИДЕО) Во Скопје се протестираше против нехуманиот третман на бездомните животни

Редакција

„Изградба комерц“ го доби тендерот на Општина Аеродром за хортикултурно уредување на паркот Бојмија вреден 485.000 евра

Редакција