еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Кривичен суд МВР е одговорно за бегството на Рамадани

Неколку дена по бегството на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамaдани, од домашен притвор во Скопје се огласија од Кривичниот суд Скопје, од каде велат дека Министерството за внатрешни работи (МВР) е одговорно за неговото бегство.

Одговорноста, системска или индивидуална, за бегството на Рамадани треба да се бара кај органот кој го врши надзорот над куќниот притвор, а тоа е МВР, односно надлежната полициска станица, посочуваат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што вели Тошковски за обвинувањата од Кривичен дека МВР е одговорен за бегството на Рамадани

– Ниту МВР ниту, политичките партии, а ниту пак експертите не ја коментираат одлуката на Судот за определување куќен притвор иако истото беше објавено од одредени медиуми, веројатно поради функционалноста на истата, како и бројните пресуди против државата токму заради „злоупотреба“ на притворот.

На крај лицето се дава во бегство од куќен притвор над кој надзор врши токму МВР, по што и следат бројните реакции и обвинувања на сметка на Судот, наведуваат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е судијата кој Рамадани го пушти во куќен притвор од каде избега

Од таму велат дека со решение на судија на претходна постапка Рамадани бил 15 дена во активен притвор, нагласувајќи дека тоа е максималното време кое некое лице го поминало во екстрадиционен притвор.

При донесување на решението за куќен притвор, појаснуваат од Судот, судијата ја имал предвид веќе воспоставената судска пракса за постапување на нашите судски органи при идентично исти случаи, односно „на лица на кои првично им било определена мерка притвор, во сите одлуки на Кривичниот совет при надлежните судови е утврдено дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција, а овие одлуки се потврдени од Врховниот суд, согласно законските одредби, може да биде обезбедено со поблаги мерки како куќен притвор, мерки за обезбедување присуство или гаранција“.

Судскиот систем во нашата земја не е директно засегнат за исходот од оваа постапка, велат од Кривичен, со оглед дека на ова лице не му се суди во земјава и нема оштетени македонски државјани.

Сепак обврска на државата, додаваат, е во започнатата екстрадициона постапка да го почитува меѓународното право за што веќе има воспоставена судска пракса.

– Имено во идентичен ваков случај со лицето Томора Морине од 2019 година, лицето не било екстрадирано во Р. Србија, бидејќи истиот бил косовски државјанин и делото за кое се терети било сторено во Р. Косово, па заради тоа надлежност за водење на постапката ја има Р. Косово, одлука која била потврдена од Врховниот суд на РСМ, велат од Кривичен.

Рамадани беше уапсен по потерница на Србија на 17. јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и беше однесен 30 дена во екстрадиционен притвор во затворот во Шутка.

На 1. август, мерката на Рамадани од надлежниот македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје.

Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16. август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој го пушти Рамадани во куќен притвор од каде избега

(Фото) Рамадани, кој избега од домашен притвор во Скопје, е веќе во Косово?

Бегството на Рамадани е скандалозно, оцени Дачиќ и бара објаснување од Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од убиените при грабежот во казиното „Вегас“ е македонскиот борач Нуиши

Редакција

Мерко: Mоже требаше да купам уште поубаво возило, нема да се возам во „фиќо“

Редакција

Нема одложување, ни промена на моделот: Учебната година ќе започне со физичко присуство на учениците

Редакција