еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

59-годишна жена загина во пожар во куќа во Лозово

Жена на возраст од 59 година вчера загина во пожар во сопствената куќа во селото Лозово.

Станува збор за К.Т.Б., која починала на местото на настанот, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на лекар била констатирана смрт како последица на изгореници.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Огуз Ерујгун е нов генерален менаџер на хотел Мериот, кој одбележува шест години постоење

Редакција

Села: Најверојатно некои претседатели на политички партии знаеле што ќе се случи во Собранието на 27 април

Редакција

Земјите членки на ЕУ не се едногласни за ембарго на руската нафта

Редакција