еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И со службена и со редовна влада нема репреговарање на договореното со Македонија, велат од бугарското МНР

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија ќе почека Бугарија да избере редовна влада по изборите во октомври, за да продолжи дијалогот помеѓу двете земји, со реакција се јавија од бугарското Министерство за надворешни работи (МНР).

Од таму велат дека и со службена (техничка) и со редовна влада нема да има репреговарање на договореното со Македонија и посочуваат дека службената влада на Бугарија е легитимна влада која ги има сите прерогативи за управување со земјата.

„Изјавата на премиерот на Република Северна Македонија, за жал, уште еднаш отворено ја доведува во прашање европската перспектива на неговата земја. На властите во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за покренување идеи за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Овој наш став нема да се смени без разлика дали ќе управува службена или редовна влада. Потсетуваме дека како резултат на непотребните провокации и конфронтации со соседните земји, Северна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори“, велат од таму.

Од бугарското МНР потсетуваат дека летото 2022 година бил постигнат консензус меѓу 27. земји членки на ЕУ и Македонија, во кој, како што велат од таму, целосно се опишани сите чекори за постигнување вистински напредок во процесот на европската интеграција на земјава.

„Бугарската позиција е јасно наведена и во Одлуката на Народното собрание од 24. јуни 2022 година, поддржана од сите политички сили. Таа е израз на волјата на бугарските граѓани да ја поддржат Северна Македонија во процесот на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, под услов соседната земја да се придржува до највисоките стандарди во областа на човековите права и да ги исполни преземените меѓународни обврски.

Оваа позиција на национално ниво нема да се промени“, велат од таму.

Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Шестгодишно дете почина од струен удар

Редакција

Ученикот заврши на Хируршко: Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга

Редакција

Сите детали за хотелот Холидеј Ин кој ќе се гради во Кавадарци

Редакција