Основното јавно обвинителство оформи предмет за случајот во кој од Македонски телеком човек фирма од Штип бара 4 милиони евра, информираа од таму за еМагазин.
-Врз основа на доставената информација од Министерството за транспорт, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет.
Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, велат од таму.
Пресудата за овој случај од страна на Апелациониот суд пред неколку дена беше преиначена од првостепената, во корист на фирмата.
Министерот за транспорт Александар Николовски пред извесно време побара од Обвинителството да го испита случајот.
Министерството за случајот било известено по службена должност, а Николовски вели дека известувањето кое го добил покажало во каква лоша состојбата е македонското судство.
Тој очекува Обвинителството да постапи по овој предмет и да се расчисти овој случај, да се види кој судија од Апелација донел таква одлука и зошто е донесена ваква одлука.
За него е сомнително што Апелација во ист ден имала две различни изјави за случајот.
Според информации на еМагазин случајот утре ќе го разгледува и Судскиот совет до кој има доставено преставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителите ја испитуваат пресудата на Апелација за Телеком