еМагазин
Image default
Македонија

Меркел му пишала на Заев за важноста од усвојувањето на уставните амандмани

Договорот од Преспа нуди историска шанса за Македонија и за зајакнување на добрососедските односи, нагласува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото до македонскиот премиер Зоран Заев.

– На 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја отстранува клучната пречка за приближување на земјата кон ЕУ и НАТО. Сега е клучно да се преземат многу важни чекори за имплементација на Договорот за името со усвојување на неопходните уставни амандмани. Ќе продолжам да соработувам со вас за остварување на оваа цел, наведува Меркел во писмото до Заев, објавено на веб страницата на германската Влада.

Фото: Влада на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Сите македонски амбасади и мисии во странство ги спуштија знамињата на половина копје

Редакција

Обвинителството нема да го гони внукот на Ахмети, Дрин, за пиротехничките средства кои му беа најдени во автомобилот

Редакција

Ковачевски објасни зошто МРТВ не се емитува во Бугарија

Редакција