еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

19-годишно момче се шетало со пиштол и куршуми во него, полицијата го привела

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека 19-годишно момче се шетало со пиштол и куршуми во него, а полицијата го привела.

„На 08.09.2024 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(19) од с.Морани, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка и 61 куршум.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок,“ велат од МВР.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во нива на покојник одгледувале 58 стебла марихуана високи до три метри

Редакција

(Фото) Проверете на колку рати ќе може да ги исплаќате застарениот долг и трошоците

Редакција

Пријавени само една третина од очекуваните: Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година завршува во понеделник

Редакција