Уште се води „битка„ за претседателското место во Алијанса за Албанците (АА), која е поделена на две фракции – таа на актуелниот министер за здравство, Арбен Таравари, која е дел од власта и таа на Зијадин Села, која е во опозиција.
Од крилото на Таравари информираа дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил на повторно судење предметот и ги прифатил жалбите на правниот застапник на Таравари.
Претходно Основниот суд Тетово одлучи дека претседател на АА е Села и дека партиските печати му припаѓаат нему.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари може да обжали, но од формално-правен аспект јас сум претседател на АА, вели Села
Фото: Села/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.