еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Оставка ми бараат корумпирани политичари што спијат на прачки злато и евра: Николоски за реакциите на Борисов и Радев

По реакциите на претседателот на Бугарија, Румен Радев, на претседателот на бугарската ГЕРБ, Бојко Борисов, но и на бугарското Министерство за надворешни работи, преку видео обраќање се огласи и македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги известивме партнерите за „неиспровоцираните провокации” од функционери на Македонија, велат од бугарското МНР за изјавата на Николоски

Тој вели дека останува зад сѐ што кажал.

-А тоа е дека е некултурно, непристојно и нецивилизирано да ви дојде на гости претседател на држава, а вие да не го удостоите со ставање на знамето на државата што ја претставува. Нема оправдување за бугарскиот претседател Румен Радев што не го постави македонското знаме при посетата на Гордана Сиљановска Давкова, како претседател на Македонија, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цивилизираноста на новата влада на Македонија допрва ќе се оценува: И Радев со реакција за изјавата на Николоски

-Дали сакаше да испрати порака дека тие во суштина не ја признаваат Македонија, што можеби е нивен долгогодишен сон. Нам ни е јасно кои сме. Ние сме засебна нација, македонска нација, засебен народ, македонски народ. Зборуваме на свој македонски јазик, различен од сите јазици.

Имаме своја историја, своја култура. Знаме кои сме и не треба на никого да се докажуваме. Оние што сакаат поинаку да ја читаат историјата се политичари од 19 век, а не од 21. век“, вели тој за средбата која е во фокусот на јавноста последниве денови.

За барањето од Борисов за негова оставка, Николоски порачува дека политичари обвинети за криминал и корупција не се достојни да го прават тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов побара оставка од Николоски, во спротивно бугарските власти да прекинеле секакви разговори со Македонија

-Од мене бараат оставка политичари што ги видовме на слики како спијат на кревет покрај прачки со злато и стотици илјади евра во девизи. Такви ли политичари ќе бараат оставка?

Извинете, господа, ама вие не сте достојни да побарате оставка од мене, вели тој и посочува дека му е жал што добрите односи меѓу двата блиски народа, како македонскиот и бугарскиот, ги уништуваат корумпирани политичари што не можат ништо да направат за сопствената држава, освен да внесуваат гнев и омраза.

-Таков е овој што го споменав со прачките злато, а таков е и еден друг што важи за голем олигарх во Бугарија. Такви се и редица други политичари што се корумпирани, а таков е и оној што е претседател на Бугарија, што немаше минимум пристојност и минимум цивилизациско однесување да стави македонско знаме при посетата на македонската претседателка, вели Николоски.

Според него, тие непотребно ја внесуваат Македонија во тамошната предизборна тематика оти, како што вели, земјава најмалку може да е одговор на седумте неуспешни избори со кои се соочуваат.

Смета дека кризата во бугарското општество е создадена токму од политичарите што наместо да им дадат одговор на своите граѓани за високиот степен на корупција и криминал, за лошата економија, тие се занимаваат со Македонија.

-Тоа покажува дека ниту сакаат добрососедство, ниту сакаат Македонија да стане членка на Европската Унија, а уште помалку да напредува кон ЕУ. Тие, всушност, сакаат да ја блокираат Македонија и да ја користат како своја предизборна тема. Ние тоа нема да го дозволиме.

Со тоа што се вадат изјави од контекст покажува дека македонскиот и бугарскиот јазик се различни, односно она што има еден контекст на македонски, очигледно има друг на бугарски јазик, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал, објасни Сиљановска Давкова за инцидентот во Бугарија

За Радев посетата на Сиљановска Давкова не била ниту државна, ниту работна, затоа го немало македонското знаме

Сиљановска Давкова отишла да пие кафе со Радев затоа немало македонско знаме, вели советникот на Радев

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Наместо да одговори зошто Македонија плаќа поскап гас, Бектеши ги нападна новинарите

Редакција

Во сообраќајка, се запали возило со мигранти: Еден загинат, 11 згрижени во болница во Кавадарци

Редакција

Нови 526 случаи на Ковид-19, во Скопје 245

Редакција