еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Прва безболна имплантација на заби во Клиника Жан Митрев

Безболната имплантација е изведена во Центарот за стоматологија во Клиника Жан Митрев и е првпат да се примени безболен третман при ваков стоматолошки зафат, информираат од таму.

Имплантацијата на 6 заби на горната вилица беше направена на седиран пациент со интравенска потенцирана анестезија и тоа овозможи целиот зафат да биде направен во еден акт.

„Имплантацијата на заби е болен и процес што се одвива етапно заради подготвеноста на пациентот да ја поднесе оперативната траума. Анестезијата и седацијата што ја применуваме во нашиот центар за стоматологија овозможува пациентот да не почувствува нималку болка или нелагодност и целиот зафат да биде направен одеднаш, безболно, брзо и многу побезбедно за пациентот“, истакна д-р Александра Матева, специјалист по орална хирургија во Клиника Жан Митрев.

Зафатот беше направен со интердисциплинарен тим предводен од анестезиолог, а составен од стоматолози, радиолози и анестезиолози.

-Заради безбедноста и безболноста на стоматолошките зафати, седацијата и анестезијата во стоматологијата е практика насекаде во светот. Кај нас за првпат почнува да се применува во Клиника Жан Митрев, посочуваат од таму..

Покрај апликацијата за оперативни стоматолошки зафати, анестезијата може да се примени и кај деца, за да се надмине траумата од забар и посебно кај пациенти со посебни состојби кои не смеат да бидат изложени на стрес, паника или траума.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во Радовиш излечени сите пациенти заболени од коронавирусот

Редакција

Најнови податоци за бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Околу 200 компании кои оствариле над 10 милиони евра профит ќе плаќаат данок на солидарност

Редакција