еМагазин
Image default
Македонија

На 18 и 19 октомври во Брисел почнуваат пристапните преговори за членство во НАТО

Република Македонија на 18 и 19 октомври во седиштето на Алијансата во Брисел официјално ги почнува пристапните разговори за членство во НАТО.

Како што информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, на вчерашната владина седница е разгледана и усвоена информацијата за формирање Работен комитет што ќе биде задолжен да ги спроведе пристапните разговори.

Тој посочи дека Македонија е целосно подготвена за овие разговори и посочи дека официјалната делегација од Владата во која ќе има членови од повеќе ресорни министерства и институции ќе ја предводи националниот координатор Стево Пендаровски.

– Ние сме подготвени целосно и Работниот комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО работи веќе подолго време, рече Бошњаковски.

Тој додаде дека процесите се одвиваат паралелно за полноправно членство и посочи оти за полноправно членство потребно е и целосна имплементација на Договорот од Преспа, прво во Парламентот на Македонија, односно усвојување на уставните промени, а потоа и негова ратификација во Парламентот во Атина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетник заработи кривична за тероризам, оти од дома испраќал дојави за бомби

Редакција

ДИК ги повика граѓаните да проверат дали се на избирачки список

Редакција

Казни за 761 лице за неносење маски

Редакција