еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се изживуваат врз нас и се испраќа лоша порака кон македонските граѓани, вели Мицкоски за раздвојувањето на Македонија и Албанија на европскиот пат

За македонскиот премиер Христијан Мицкоски одлуката за раздвојување на Македонија и Албанија на европскиот пат е лоша порака кон македонските граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија се одвојува од Македонија на патот за влез во ЕУ, објави „Еуроактив“

Доста е, изјави тој денеска, од двојните стандарни на „грбот на оваа мала држава во срцето на Балканот“.

„Ова нема врска со европски вредности, само се изживуваат врз нас. Доста е. Подготвени сме, сакаме да влеземе, да преговараме. Преговори значат јакнење на институции, збогатување на капацитети, не значи членство. Што е толку тешко да се прифати овој наш предлог“, рече тој, оценувајќи дека ниту една држава не направила повеќе работи од нас во последните две и пол децении од почетокот на патот кон полноправно членство во Унијата, а кои немаат врска со Копенхашките критериуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе почне преговори со ЕУ кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот, порачаа од Европската комисија

„Ние сме единствениот случај во кој билатерални договори се услови во преговарачка рамка“, рече тој и подвлече дека на сметка на националните и идентитетски отстапки, без гаранции, не треба да прифаќаме услови.

„За мене ова е диктат. Ако ова е условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш, не благодарам. Ние сакаме да разговараме, подготвени сме да разговараме колку што е потребно за да најдеме решение.

Ајде ќе ја завршиме процедурата, имаме бројка од 80 пратеници, но тие амандмани да важат и да бидат ефективни кога Бугарија ќе го ратификува пристапниот протокол за нас во ЕУ. Тоа го понудив во Брисел. Конструктивен сум – да, нудам предлози – да, спремен сум да разговарам“, рече тој.

Кажа и дека ако како Влада можеле да го испочитуваат Преспанскиот договор и покрај критиките од јавноста, и да ја користат додавката „Северна“ за надворешна употреба, тогаш и Брисел треба да го прифати Договорот за добрососедство со Бугарија, во кој, како што кажа, никаде не стои дека услов мора да биде промена на Уставот.

„Кога зборуваме за одложено дејство, односно по успешно завршување на преговорите и ратификација на пристапниот протокол, дека сме подготвени тоа да го прифатиме, за многумина во Брисел беше ‘што е сега ова’.

Тоа е ништо поразлично од Преспанскиот договор. Ако го читате Преспанскиот договор и Уставот ќе видите дека сите амандмани кои беа усвоени во Парламентот влегуваат во сила кога Грција ќе го ратификува пристапниот протокол на Македонија во НАТО. Зошто тогаш не додале и ЕУ? А, прашањето на референдумот, ако се сеќавате, беше дали сте за ЕУ и НАТО. Зошто не додале ЕУ? Еве, ние тоа го бараме“, рече тој.

На Албанија ѝ посака успех и брзо завршување на преговарачкиот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Задоволство во Бугарија оти Македонија ќе се одвои од Албанија на европскиот пат

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени 12.365 акции од „Киро Дандаро“ за 10,6 милиони денари

Редакција

Доделени наградите на МИМ за најдобри истражувачки приказни

Редакција

ЕКСКЛУЗИВНО: Лидл сака да отвори уште еден маркет во Битола

Редакција