Со над 200 балистички ракети синоќа Иран го нападна Израел, при што најмалку едно лице е убиено, а неколку се повредени.
📹 اصابت موشکی که برخی منابع ادعا کردند موشک هایپرسونیک فتاح ۱ است#اسرائیل_سقطت pic.twitter.com/uzUx9fSJ1C
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) October 1, 2024
Нападот како што соопштија израелските и американските власти бил неуспешен и бил одбиен со помош на САД.
Iran missiles hit Tel Aviv. They must be ballistic missiles as they took minutes to get from Iran to Israel. They have also breached Israeli air defence. pic.twitter.com/WuEB5Bga4j
— Peter Flint (@ShodanSuper) October 1, 2024
Иран соопшти дека станува збор за самоодбрана, а доколку Израел не возврати, акцијата ќе заврши.
Ако Израел возврати на нападот, од Иран најавија уште посилна акција.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападот бил одмазда за убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насралах и еден ирански генерал.
Илјадници луѓе во Иран го славеа ракетниот напад врз Израел, а Иранската армија соопшти дека за прв пат употребила нова хиперсонична ракета.
Сега останува да се види дали Израел ќе возврати, што би можело да предизвика дополнителна ескалација на случувањата на Блискиот Исток, а е едно од сценаријата според „Њујорк тајмс“, кој се повикува на американски претставници, е Израел да ги нападне иранските нуклеарни постројки.
Конкретно, цел би можеле да бидат постројките за облагородување ураниум во Натанс, срцето на иранската атомска програма.
Европската Унија го осуди нападот, а американскиот претседател Џо Бајден најави одговор.
Видео: Твитер/Al Jazeera English/фото: Руско МО