Пратеник на владејачката „Вреди„, кој го плаќаат македонските граѓани, вели дека Македонија не требало да постои, ако не ги усвоила уставните измени за да во македонскиот Устав влезат и Бугарите.
Станува збор за пратеникот Ријад Шаќири, а оваа го кажа во интервју за „Алмакос“.
Тој вели дека е оптимист оти Македонија официјално ќе почне преговори со Европската Унија и дека ќе ги донесе уставните измени, а на прашањето што ако не се случи тоа, одговара дека тогаш земјата не треба да постои како држава.
Шаќири е кадар на поделената Алијанса за Албанците од крилото на министерот за здравство, Арбен Таравари.
Фото: Фејсбук/Шаќири
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.