Ноемвриската плата на наставниците во основното и средното образование ќе биде зголемена за 5%, договорија Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) по неколку неделени преговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наставниците ќе добијат повисока плата за 5%
Како што објаснија од Владата, покачувањето ќе продолжи и во следните четири години и се планира да стигне до зголемување од околу 46%.
Покачување на платите за 5% ќе има и за февруарската плата следната година, во март 2025 година треба да има ново покачување од 7%, во март 2026 година во зависност од состојбата на Буџетот се планира покачување помеѓу 7 ипол и 10%, во март 2027 година е предвидено исто така покачување од 7 ипол до 10%, а во март 2028 година помеѓу 10 и 12 ипол %.