еМагазин
Бизнис

Годинава нема извоз на мед поради намаленото производство

Вкупно 16 производители од повеќе градови низ Македонија учествуваат на 18. Денови на мед во Куманово. Манифестацијата се одржува на градскиот плоштад, а ја организира здружението „Пчела“ – Куманово.

Според претседателот на здружението, Часлав Ристовски, на саемот може да се купат мед, матичен млеч, восок, прополис, полен по саемски цени.

– Медот се продава по 400 денари за килограм, а квалитетот е одличен, 300 денари чини грам матичен млеч, а раствор од прополис е 100 денари. Се нуди и сертифициран органски мед по комерцијална цена од 500 денари, изјави Ристовски. Рече дека г одинава производството е нешто послабо од лани поради климатските услови во екот на пчелната паша.

Пчеларите што учествуваат на манифестацијата истакнуваат дека годинава нема да има извоз поради ниските приноси, но ќе се задоволат потребите на локалниот пазар.

Во Куманово има околу 150 пчелари, а во здружението членови се скоро 60.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 10 најголеми должници на Листата на должници на УЈП

Редакција

Охридска банка ја зголеми добивката во првите три месеци од годинава

Редакција

ЗК Пелагонија лани со добивка

Редакција