еМагазин
Image default
Бизнис

За 15% зголемен бројот на туристи

За 15 отсто е зголемен бројот на туристи во периодот јануари – август 2018 во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемен е и  бројот на ноќевањата, за 16,1 процент.

Бројот на домашните туристи е зголемување за 14,5, а кај странските за 15,3 отсто, додека бројот на ноќевањата кај домашните туристи пораснал за 14,8, а кај странските за 18 проценти.

Бројот на туристите во август 2018 година бил 211.746, а на ноќевањата 881.806 што е повеќе од август лани за 12,2, односно за 15 проценти.

Бројот на домашните туристи во август 2018 година во однос на август 2017 година е зголемен за 18,1 отсто, а на странските за 5,8 проценти, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 17,9, а на странските туристи за 7,6 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на потрошувачките и автомобилските, пораст на станбените кредити

Редакција

Клиниката за радиотерапија и онкологија од „Зегин“ ќе набави лекови за 70 милиони денари

Редакција

Законот за игри на среќа пред пратениците, од АСОМ бараат да не се гласа

Редакција