еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Забраните не се солуција, за прифаќањето на иновациите потребно е отворен ум и дискусија базирана на докази

Известувач од Нојшател, Швајцарија за емагазин.мк, Силвана Жежова

Голем број на влади со напредно размислување, препознаа дека научно поткрепени помалку штетни алтернативи, може да играат важна улога во забрзувањето на откажувањето од пушењето. Државите кои имаат „отворен ум“ за прифаќањето на иновациите постигнуваат позитивни резултати во насока на намалувањето на бројот на пушачи на цигари, нивно префрлање на алтернативни производи придонесувајќи во насока за подобро јавно здравје и социо-економски бенефити.

Во државите пак каде што постојат политики кои се трудат да ја игнорираат или да ја замолчат науката во многу иновации, придонесуваат кон тоа бројот на пушачи да не се намалува и не се во интерес на јавното здравје. Во многу земји се форсираат стари политики поврзани со тутунската индустријата, се игноририраат иновациите со помош на кои се создаваат подобри алтернативи.

Како што можеше да се слушне на конференцијата Technovation, која традиционално се одржува во Нојшател, Швајцарија во истражувачкиот центар на Филип Морис Интернешнал најдобар пример за прифаќање иновации е Јапонија, каде повеќе од 50 проценти од пушачите веќе ги замениле цигарите со производи без чад, поточно оние кои го загреваат тутунот наместо да го согоруваат. Таа голема промена се случи во последната деценија.

Василис Kацелис, претседател на Филип Морис Интернешнал за Источна Азија и Австралија, објасни дека во согласност со овој раст, продажбата на цигари во Јапонија е намалена за повеќе од 50 проценти.

„По воведувањето на IQOS, видовме драматичен пад на распространетоста на пушењето. Достигнавме многу импресивна пресвртница во Токио“, рече Kацелис.

Според податоците на нивното Министерство за здравство инциденцата на пушачи е двојно намалена, од пред и по периодот по започнување на продажбата на IQOS.

Кацелис потенцираше дека успехот во оваа држава е заради трансформацијата на целиот еко систем и благодарејќи на соработката на индустријата, властите, граѓанскиот сектор односно сите засегнати општествени чинители. Растот на продажбата на алтернативните производите е енормна, со цел да се забрза откажувањето од пушењето.

Добриот пример од Јапонија, се следи и во некои европски држави како во Унгарија и Литванија, потоа во Грција, Португалија, Италија, Полска, Чешка и според податоците повеќе од 12 милиони луѓе во Европа денеска се префрлени на IQOS.

Масимо Андолина, претседател на Филип Морис Интернешнал за Европа вели дека целта на патувањето во овие 10 години била да се направи што е правилно, а не што е лесно.

„Затоа денес сме присутни на голем број на пазари, до кои овие трансформации допреа. Користејќи ги науката, технологијата, иновациите во создавањето на производите, му дозволивме на секој пушач пристап до подобар избор,“ изјави Андолина.

Тој потенцираше дека инвестициите на Филип Морис Интернешнал во фабрики во Италија, Романија, Грција имаат големи импакти во генерирање на работни места во Европа, во генерирање индустријализација и различни услуги во насока на достапност на алтернативните производи.

„Генериравме работа во повеќе мали и средни претпријатија, кои придонесуваат за она што ние го правиме таму. Влијаеме врз иновациите, индустријализацијата, услугите, продуктивноста и компетитивноста, и на тој начин придонесуваме за развој на европската економија,“ подвлече Андолина.

Тој смета големите компании играат клучна улога во лидерството за иновации во дигитализацијата, која што е клучна за развој на компетитивноста. Андолина го потенцираше малиот процент на мали и средни претпријатија кои се дигитализирани, и во европските развиени земји.

„Големите компании играат голема улога во овој сегмент. Инвестицијата во Италија, генерираше работа за 41.000 лица и тие своите работи ги извршуваат преку технологијата, тие работат со нас на дигитален начин,“ додаде тој.

Кристос Харпантидис, потпретседател за екстерни прашања на Филип Морис Интернешнал подвлече дека политиките за тутунската индустријата наследени од минатото, не се повеќе актуелни ниту применливи во денешно време. Тоа го говори искуството од многу земји од светот, каде што се препознава напредокот во технологијата, во науката.

„30 милиони поранешни пушачи кои ги користат производите имаат директни бенефити и регулаторите не треба да го игнорираат тој факт. Научната јавност да погледне во податоците и да биде објективна. Секој треба да превземе одговорност, регулаторите и креаторите на политики имаат одговорност за приоритетност на јавното здравје, да бидат со отворен ум кога ги носат одлуките. Да се дозволи пристап до информации за корисниците, со цел да бидат едуцирани во врска со алтернативите кои ги имаат,“ изјави Харпантидис.

Тој потенцираше дека постојат земји каде што алтернативните производи кои се и помалку штетни се забранети, а цигарите се продаваат.

„Како европски граѓанин, дискусијата за забрани ми е тешко да ја разберам. Во денешно време да не се дискутира со отворени очи, базирано на факти, базирано на наука, правејќи политики без дискусија е незамисливо. Изгубивме години, поради забраните, за да се постигнат бројки како во прогресивните земји. Ако забрануваш, тогаш ги туркаш луѓето кон илегала,“ додаде тој.

Харпантидис уште еднаш го потенцираше примерот со Јапонија, каде што сите чинители регулаторите, индустријата, експертите за јавно здравје работеле на изнаоѓање на солуции на позитивен начин, а истото се случува и во држави како Шведска, Норвешка, Нов Зеланд.Таму регулативата е во насока на слободна продажба на голем број на алтернативни производи и бројот на пушачи е драстично намален.

„Никотинските кесички имаат голем потенцијал и заслужуваат внимание и затоа солуцијата е да не се забрануваат. Имаме многу добар производ за јавното здравје и тоа што не е познато како да се третира, не значи дека треба да биде забрането. Забраните не се солуција. Регулаторите треба да креираат сеопфатни решенија, во насока на намалување на пушењето,“ додаде Харпантидис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масимо Андолина, претседател на регионот Европа во ФМИ: Сè повеќе луѓе, свесни за здравствените последици од пушењето, се префрлаат на IQOS

Филип Морис Интернешнал ја одржа традиционалната конференција „Technovation“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуфорија на Твитер: Вучиќ и удри „шлаканица“ на македонската Влада

Редакција

Ќе ја надградиме бугарската позиција со дополнителни работни групи со Македонија, повтори Петков

Редакција

Уставните амандмани нема да бидат разгледувани на денешната владина седница

Редакција