Бизнисменот Доналд Трамп, кој по вторпат стана претседател на САД е во фокусот на светските, но и на македонските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Доналд Трамп, новиот претседател на САД
Како резултат на тоа што стана нов претседател на САД, вчера само за еден ден го зголеми своето богатство за 1 милијарда долари, откако цената на акциите на Trump Media & Technology Group, каде тој е доминатен сопственик, пораснаа за 35%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доналд Трамп побогат за повеќе од 1 милијарда долари, откако повторно стана претседател на САД
Колку “тежи“ неговото богатство?
Нема прецизни податоци за тоа колку моментално „тежи“ Трамп.
Според Форбс, нето богатството на Трамп во ноември годинава се проценува на 6,6 милијарди долари.
Сепак, Блумберг, пак, истото е проценето на 7,07 милијарди долари.
Во овие суми влегуваат неговите инвестиции во недвижнини, вклучувајќи хотели и терени за голф, како и приходите од медиумски проекти и договори за лиценцирање.
Базата на богатство на Трамп е Trump Organization, која управува со портфолио што вклучува станбени згради, хотели и терени за голф. Меѓу најпознатите негови имоти се кулата Трамп на Менхетен во Њујорк и имотот Мар-а-Лаго на Флорида.
Тој има и удел од околу 500 милиони долари во 1290 Avenue of the Americas, деловна зграда на Менхетен и Националното одморалиште Трамп Дорал Мајами за голф, проценето на приближно 300 милиони долари.
Значителен удел има и во Trump Media & Technology Group, која управува со социјалната мрежа Truth Social.
Трамп оствари и значителен приход со тоа што го лиценцираше своето име за различни производи, од облека до домашни производи.
Трамп има инвестиции и во криптовалути и незаменливи токени.
Тој, исто така, заработува од различни медиумски настапи и проекти, вклучувајќи го и неговото реално ТВ шоу „The Apprentice“ и други публикации како „Писма до Трамп“, како и од книги.
Фото: Трамп/Фејсбук