еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој им се заканува на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ?

Министерството за внатрешни работи истражува кој им се заканува на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои преку медиумите и социјалните мрежи посочуваат дека се под постојан притисок за уставните измени, предвидени со договорот за името со Грција, но и дека добиваат закани поврзани со нивната безбедност.

Пред неколку дена министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за емисијата Клик-плус на ТВ21 рече дека до тогаш ниту еден пратеник немал пријавено какво било кршење на законот и откри дека МВР истражува по пријави од луѓе во врвот на опозицијата.

“Но, има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и членови од истата партија, за што се постапува”, рече Спасовски, кој не откри кои се лицата кои што побарале помош од МВР, ниту за какви конкретни закани или безбедносни проблеми се работи.

Медиумите објавија и дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои деновиве „преговараа“ со колеги од СДСМ и ДУИ, се жалеле и на нив за заканите.

Порталот Сакамда кажам.мк, објави дека тие се жалеле и пред странски амбасадори, посочувајќи дека се под закана за животот ако ги поддржат уставните измени во Собранието.

Според порталот тие што ги добиле заканите на мобилен телефон ги покажувале пораките пред колегите пратеници, но и пред некои од меѓународните претставници и новинари.

Во некои од заканувачките пораки на смс, вибер и на воцап се споменувани и деца, а наводно, поради недоверба во МВР и во Обвинителството дека ќе им пружат соодветна заштита, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ги пријавиле заканите.

И еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, пред неколку дена во интервју рече дека има закани за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои сакаат да го подржат договорот за името.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хан: Имам сознанија за закани кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се за уставни измени

Закани за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: „Даниела ако гласаш за уставни измени како Исус ќе те распнеме“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонијо во срце те носиме“ ја заокружува приказната во Скопје во четврток

Редакција

(Видео) Спектакл во Дубаи: Отворена најголемата фонтана во светот

Редакција

Рекордни бројки: Референдумот ќе го следат 11.907 домашни и 493 странски набљудувачи

Редакција