Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и речиси цела македонска Влада денеска се во Приштина, Косово, каде двете владии имаа заедничка седница.
Тие беа пречекани од косовскиот премиер Албин Курти со највисоки почести.
Двете влади потпишаа протокол и меморандуми за соработка во три области.
Со првиот меморандум се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас Косово – Македонија.
Вториот е информација за склучување на Протокол помеѓу Владите на Македонија и Косово за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини Блаце-Елез Хан и Јажинце-Глобочицац. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување, и начинот на одржување на објектите.
Третиот документ е меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово, кој има за цел подигање на квалитетот во стручното образование и обука и во образованието на возрасните во двете држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не е вистина дека албанскиот јазик во Македонија е под закана, кажа Курти
Видео: Курти/Фејсбук/фото: Влада