еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев повика на помирување за 27 април и ги повика пратениците да гласаат за уставните измени

Собранието на Република Македонија ја започна 61. седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата.

Образложувајќи го предлогот премиерот Зоран Заев потенцираше дека сега најголемата одговорност за иднината на земјата е во рацете на пратениците. Ги повика сите да гласаат по сопствена волја, особено оние што се двоумат, да размислат како ќе гласаат.

– Погледнете во иднината, во иднината на вашите деца, рече премиерот, додавајаќи дека волјата на граѓаните е државата да оди напред, рече премиерот.

Другиот избор, според него, ќе не фрли во изолација, и ќе ни ги врати назад политичките трауми што ги проживеавме во последните 27 години, а особено последните неколку години.

Гласот за европската иднина на нашата земја ќе не однесе напред во полноправно членство во НАТО и во ЕУ.

– Треба да одлучите дали многу ќе добиеме или многу ќе изгубиме, рече Заев.

Повика поделбите по партиска линија да завршат и испрати порака за помирување за настаните од 27 април.

– Еве прилика да си простиме, рече премиерот посочувајќи на 27 април кога како што кажа бил прва мета на тие напади. Да си подадеме рака, рече тој, додавајќи дека нема друг начин народот да се помири ако политичарите, пратениците во Парламентот, не си простат.

Според него, нивната историска улога и одлука ја очекуваат сите граѓани и сите во светот, рече Заев.

Владата е подготвена да биде максимално подготвена за прифаќање на амандмани, но да бидат во духот на договорот од Преспа.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето за дневниот ред побара точката да биде симната бидејќи, како што кажа, ова прашање нема ниту изборен, ниту референдумски кредибилитет. За предлогот на Димовски гласаа 39 пратеници, а против беа 67.

Во салата се пратениците од сите пратенички групи, а на седницата присуствува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитерџиите гневни на предлогот на Заев за помирување: Онаа багра не влезе во куќата на Заев, туку во моето Собрание

Илија Димовски: Нема договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ќе констатираме дека Уставот нема да се менува

И пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на седницата за уставните измени во Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Сообраќајот се пренасочува: Пожарот се симна до автопатот Скопје-Велес

Редакција

Вкупно 8.002: Од Ковид-19 починаа две лица

Редакција

Прв пат во Брисел годината завршува без заклучоци за проширувањето на ЕУ, поради блокадата на Чешка и Словачка

Редакција