Луксузниот бренд Ritz-Carlton во 2027 година ќе отвори хотел во Белград.
Истиот ќе биде на местото на некогаш легендарниот белградски хотел Југославија, кој е во фаза на рушење.
Во Србија Ritz-Carlton го носи Marriott International Inc., а истиот ќе има 193 соби и апартмани, затворен базен, фитнес центар и спа, 1.700 квадратни метри простор за состаноци и настани…
Во склоп на проектот е предвидена и изградба на две кули, деловна зграда со 34 ката, станбена зграда со 42 ката и марина на реката Дунав.
Инвестицијата е вредна близу половина милијарда евра.
Фото: Ritz-Carlton/Marriott International Inc.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.