еМагазин
Image default
Локално

Нова кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С. (51) од село Едрениково, општина Василево и Л.Н. (45) од село Василево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира МВР.

Во периодот од 27.02.2014 до октомври 2017 година пријавениот, како градоначалник на Општина Василево, спротивно на Законот за изменување и дополнување на законот за јавните претпријатија, донел пет решенија за именување на второпријавениот за вршител на должноста директор на ЈПКД „Турија“ – Василево, и покрај тоа што не ги исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место.

На 21.11.2016 година второпријавениот, како вршител на должноста директор на ЈПКД „Турија“ – Василево, спротивно на Законот за административните службеници, изготвил и потпишал решение за распоредување на јавен службеник на раководно работно место во наведеното јавно претпријатие, кој исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

37-годишен маж од Валандово пронајден починат во зграда во изградба

Редакција

(Фото) „Бејби бумот“ продолжува: Во ЗОО Скопје се родија три бели волчиња од загрозен вид

Редакција

Планинар од Скопје почина на Пелистер, кај месноста „Ловечка куќа“

Редакција