Во следните две години ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија за еден од најдобрите македонски пејачи на сите времиња, прерано загинатиот, Тоше Проески.
Тема на проектите, на кои носител ќе биде Македонската радио-телевизија, ќе бидат неговите живот, дело и мисија.
Во копродукцијата ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот, а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија.
Добиена е и согласноста од семејството на Проески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поштенска марка, ФДЦ и масовен коверт и максимум карта по повод роденденот на Тоше Проески
(Видео) Промовирана нова песна од Тоше, снимена во 2004 година
Фото: Хит рекордс
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.