ДНК анализата на телото на починатата жена која беше извлечена од Вардар кај Зелениково пред неколку дена покажа дека се работи за 43-годишната Лидија Трајковска од скопското село Јурмлери, која за исчезната се водеше од 8. ноември лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДНК анализа треба да покаже која е починатата жената која беше пронајдена во Вардар
Тело на жена извлечено од Вардар, било заглавено во гранки
Трагичната информација за Фокус ја потврдија нејзината сестра Билјана и братот Александар Јоциќ.
-Сакаме да ја информираме јавноста дека е пронајдено телото на нашата сестра Лидија. Засега тоа е единствениот официјален податок кој го имаме, не знаеме како и од што починала, кога ќе имаме официјални новости од надлежните служби, ќе ги соопштиме за јавност.
Сите сме потресени, но истовремено, му благодариме на Бога што ни ја врати назад, барем да ја погребаме достоинствено.
Периодот на неизвесност кој го минавме, а и ова кое се случува сега, никому не го посакуваме. Премногу е тешко… Благодариме на сите кои ни пружија поддршка во тешките моменти додека ја баравме нашата сестра, на сите кои се ставија во наша кожа и покажаа грижа и разбирање, велат тие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Јави се од некаде„: И сопругот на исчезната Лидија испрати апел
Полицијата најде неколку предмети на исчезната Лидија Трајковска