еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Османи со апел граѓаните да не подлегнуваат на провокации на роденденот на Делчев

И министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел до јавноста за мирно и достоинствено чествување на 4 февруари, денот на кој се одбележува 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Во видео порака објавена на неговиот Фејсбук профил, Османи ги повикува граѓаните да не подлегнуваат на провокации.

-На 4 февруари кога се поклонуваме пред гробот на Гоце Делчев, се поклонуваме пред неговото визионерство за културен натпревар меѓу народите. Повикувам на достоинствено, мирно чествување на денот кога оддаваме почит на неговиот идеал за напредни општества и за градење цивилизациски вредности.

Да покажеме зрелост и да не дозволиме да се подгрева национализам преку говор на омраза и омаловажување. Ние сме држава која има европска перспектива. Со својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, сме пример во светот. Ве повикувам да опстоиме на тие наши вредности, потенцира Османи.

Министерот вели дека секој граѓанин на Бугарија и на која било друга држава е добредојден во Македонија, но, како што подвлекува, секој мора да се однесува со почит кон нашата држава и кон македонскиот народ.

-Да не дозволиме провокатори и киднапери да ни ја киднапираат европската иднина или да го влошат имиџот што го изградивме како држава. Ова е во интерес на сите граѓани и на заедничкиот напредок, наведува Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гоце Делчев сигурно се превртува во гробот од тоа што му се подготвува за роденденот

Спасовски со апел да не се подлегнува на провокации на роденденот на Гоце Делчев

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 32,7 милиони евра Макпетрол ѝ го продаде на државата својот удел во ГА-МА

Редакција

Почна увидот: Проверете дали Ве има во Избирачкиот список за гласање во странство

Редакција

(Видео) Цел Дебар излезе да ја види силата на МВР

Редакција