еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спасовски со апел да не се подлегнува на провокации на роденденот на Гоце Делчев

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи упати апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4. февруари, денот на раѓањето на македонскиот револционер Гоце Делчев.

-Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ!

Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано.

Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого

Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме.

Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес. Бидејќи, неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас.

Да се напушти таква реторика од разни „патриотски институти” за тоа што можат да направат.

Немојте како граѓани да подлегнувате на повик на било кои политички субјекти и да преземате надлежност на институциите.

Ова е порака до сите коишто сакаат да учествуваат.

Затоа што минатото покажа дека оние коишто ги мотивираат луѓето наводно да ја чуваат демократијата, државата и националноста, тие остануваат нечепнати. Оние кои посегнуваат по државата, по институциите, сега се наоѓаат во затворските институции.

Секој да овозможи чествувањето на 4 февруари да биде достоинствено, а институциите се тука да се грижат за се што треба за редот и безбедноста во државата.

Никој не смее да биде и нема да му биде дозволено да биде над државата!, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гоце Делчев сигурно се превртува во гробот од тоа што му се подготвува за роденденот

Во Македонија нема да дојдат бугарски полицајци за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макрон на Заев во Париз му порача дека Македонија заслужува да ги почне преговорите без одложување

Редакција

Материјалната штета во Собранието ќе биде платена, но штетата од процесот е неповратна, вели Крмов за кршењето

Редакција

Ултимус повеќе не е акционер: ИГМ-Трејд купи акции во Макошпед

Редакција