еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Утре завршува бесплатниот превоз од Битола до скијачките центри Нижеполе и Копанки

Над 600 граѓани, меѓу кои најголем број млади лица кои се на зимски распуст, го искористија бесплатниот превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки, организиран од страна на Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинк, информираат од таму.

Утре, 17.01.2025 е последниот ден од реализацијата на оваа еднонеделна активност, која со голем интерес беше прифатена од страна на граѓаните.

„Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинк, ЈП „Стрежево“, со Хотелот „Молика“, со поддршка и на приватниот сектор „МИГ Травел“, организиравме бесплатен превоз за сите оние кои сакаат да уживаат во снежната белина.

Над 350 посетители во ски-центарот „Нижеполе“ и над 250 кај хотелот „Молика“ и на Копанки, уживаа во овие настани, дел од зимскиот распуст.

Се надевам дека и наредните години, но и за време на летниот распуст ќе ги продолжиме овие активности, зошто за секое дете, но и за секој возрасен е добро да избега малку од градската гужва и да ужива во овие пространства.

Благодарам на сите кои ја помогнаа и поддржаа активноста, а посебно им благодарам на граѓаните што ја прифатија активноста и се надевам дека уште многу вакви убави моменти ќе имаме заедно“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Тој најави дека општината и во понатамошниот период ќе ги разгледа можностите за почеста реализација на вакви активности.

Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Граѓаните кои имаат закажно за документи од 11 до 15 јуни, имаат други термини

Редакција

Притвор за штипјанец кој дома чувал „хеклер“, две пушки, три револвери…

Редакција

Германскиот парламент го ратификува македонското членство во НАТО, „жолчна“ расправа и за ЕУ

Редакција