еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кое од министерствата потрошило најмногу пари за автомобили, „мерцедес“ не купило само МВР

Анализата на добиените податоци на Центарот за граѓански комуникации покажува дека, од сите 15 министерства, со најмногу патнички возила располага Министерството за внатрешни работи, и тоа 1.559. Ова министерство е прво рангирано и според потрошената сума за набавка на возилата, која што изнесува 22 милиони евра.

„Сепак, МВР не достави податоци за 324 возила поради – како што образложуваат – потребата за секое од овие возила да се отвораат поединечните досиеја за што би било потребно и неколку месеци, бидејќи станува збор за постари возила“, се вели во истражувањето.

Второ рангирано според бројот на возила е Министерството за одбрана кое има 142 возила, но поседува податоци за набавната вредност само на 43 возила. За останатите 99 возила, од министерството информираат дека се набавени пред 2015 година и за нив книговодствената документација е уништена согласно со Законот за архивски материјали.

Трето рангирано според бројот на возила е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое за набавка на 108 патнички возила платило 1,3 милиони евра.

По одделни министерства, најмногу пари за набавка на едно патничко возило досега платило Министерството за внатрешни работи и тоа дури 572 илјади евра. Станува збор за набавката на возилото од производителот Мерцедес модел C600 во 2012 година. 

Второто најскапо купено возило е кај МНР. Станува збор за Мерцедес Е430/4М купен во 2001 година за 81.301 евра, повторно од МВР и даден на користење на МНР.

На трето место е Мерцедес Е240 на Министерството за финансии купен во 2005 година за 76.767 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Шкода“, “фолксваген“, „мерцедес“ и „форд“ омилени брендови: Колку возила поседуваат министерствата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО прогласи крај на пандемијата со Ковид-19

Редакција

Пејпер Мил: Ги задржуваме вработените, се надеваме на рестартирање на процесите

Редакција

Проверете дали како граѓани сте ДДВ-обврзници

Редакција