еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Тодоровиќ за „Македонско село“ треба да плати 43.000 евра и да ја подмири киријата за следните шест месеци

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески, изјави денеска дека остварил средба со претставниците на менаџментот на „Тинекс“ и хотелот „Квинс“ кои го имаат склучено договорот за јавно-приватно партнерство со СОЗР.

„Претставниците го повторија ставот изнесен во писменото соопштение дека еднострано го раскинуваат договорот бидејќи, како што не известија, работењето на комплексот „Македонско село“ е исклучиво со загуба. Претставниците на менаџментот ме известија дека се свесни за правните обврски кои произлегуваат од договорот, а тоа подразбира активирање на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот во износ од 2.690.409 денари, односно околу 43.000 евра и подмирување на киријата за следните шест месеци“, рече Мирчески.

Тој рече дека  „Македонско село“ е инвестиција на Република Македонија, и дека одлуката за овој неодржлив проект ја има донесено Владата на Република Македонија, потпишана од поранешниот премиер Никола Груевски и објавена во Службен весник на 24 јуни 2015-та година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има ли веќе нови кандидати кои ќе го „рентаат“ Македонско село

Зошто ќе се затвори „Македонско село“: Економска неисплатливост или македонска работа

Се затвора комплексот „Македонско село“

Владата не била информирана за одлуката на менаџментот да го затвори „Македонско село“ и ги повика на состанок

Фото: Фејсбук/Македонско село

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот на оштетените во несреќата кај Ласкарци: Разликата во машинското вештачење и во супер вештачењето е само заклучокот, другото е се исто

Редакција

Вкупно 5.901: Од Ковид-19 починаа 32 лица, најмладите на 32 и 34-годишна возраст

Редакција

20-годишното момче од Радовиш починало откако проголтало кокаин за да го скрие од полицијата и се предозирало

Редакција