Службата за општи и заеднички работи на Владата на следната седница на Владата ќе достави информација за целосната постапка која произлегува од ново-настанатата состојба. Понатаму, Владата ќе донесе одлука за натамошно постапување, изјави денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески.
„При тоа, од парите на граѓаните за оваа непродуктивна инвестиција се издвоени 6,5 милиони евра, со цел комплексот да биде ставен во функција. Ако се има предвид дека месечната кирија за комплексот изнесувала 3.500 евра и дека во овој момент се испоставува дека истата е неодржлива и дека комплексот работел со загуба, преку едноставна пресметка може да се заклучи дека државата и граѓаните ќе си ги повратат вложените средства, после 150 години. Не сакаме да навлегуваме во тоа што сè би можело да се изгради или направи за интересите на граѓаните со овие 6.500.000 евра“, рече Мирчевски.
Тој исто така информираше дека од Договорот произлегува дека концесионерот треба да плати 43.000 евра и кирија за следните шест месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Има ли веќе нови кандидати кои ќе го „рентаат“ Македонско село
Зошто ќе се затвори „Македонско село“: Економска неисплатливост или македонска работа
Се затвора комплексот „Македонско село“
Фото: Фејсбук/Македонско село