еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ја давел, ја оставил да умре и отишол да се коцка: Обвинителство бара доживотен затвор за убиецот на Емилија од Штип

Убиецот на штипјанката Емилија Пешева, Фадил Зејнелов на денешното судско рочиште во Основниот суд во Штип, го призна делото, а јавната обвинителка Билјана Тошева-Анакиева побара доживотен затвор, бидејќи обвинетиот не изразил каење и не изразил сочувство на семејството на убиената.

Зејнелов, неговата партнерка ја давел, ја оставил да умре и заминал да игра комар.

„Тој не се кае, измислува, тој е ладнокрвен убиец, вистината е дека ја давел, ја оставил да умре и заминал да игра комар. Ја користеше и ги коцкаше парите. Ни остави дете сираче, не оди на школо, си ја бара мајката, не може да се навикне без неа, знае дека е убиена“, изјави Слободан Пешев, татко на убиената Емилија.

Пред убиството имало кавга помеѓу Пешева и Зејнелов, бидејќи таа сакала да ја прекине врската.

За нарушените односи помеѓу нив знаеле и полицијата, Обвинителството и Центарот за социјални работи. Кај нив имало пријави дека Пешева е жртва на насилство. Но, се откажувала од гонење, поради стравот од ново насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиената 29-годишна жена од Штип била удирана со тупаници, па задавена: Детали од Обвинителство

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Зијадин Села, кој повторно е избран за претседател на Алијансата за Албанците од страна на неговото “крило“

Редакција

Успешна спасувачка акција кај „Мавровка“

Редакција

Од Ковид-19 починале 25 лица, 23 имале коморбидитети

Редакција