Момче на 21-годишна возраст од Штип, осуденик, кој казната ја издржувал во поправната установа Затвор Штип, вчера починал во Клиничката болница во Штип.
Се работи за лицето Е.А., а во болницата, како што информираа од Секторот за внатрешни работи Штип, бил донесен со знаци на труење. Починал за кратко време.
Лекар констатирал смрт, а неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.