еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска слаб дожд и снег, затоплување следните денови

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дури 40% од граѓаните не веруваат во ниеден политичар, следи Мицкоски, па Ахмети: Анкета на ИПИС

Редакција

Израел нема да дозволи хуманитарна помош за Газа додека заложниците не бидат ослободени

Редакција

Тони Коњановски e новиот градоначалник на Битола, Христо Кондовски го призна поразот

Редакција