На заедничката прес-конференција во Будимпешта, Унгарија, со неговиот македонски колега, Тимчо Муцунски, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, меѓудругото нагласи дека Македонија и Унгарија се за мир во Украина, а тоа двете земји го покажале неодамна со подршката на Резолуцијата на САД за Украина во Обединетите Нации (ОН).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе ја подржи Резолуцијата на САД за Украина во ОН, а не на ЕУ
– Ние и Република Северна Македонија сме на страната на мирот. Го поддржуваме претседателот Трамп и исто така успехот на американско-руските разговори, бидејќи јасно гледаме дека мирот може да се постигне само преку американско-руски договор.
Македонците и Унгарците се заинтересирани за враќањето на мирот и тоа го покажува нашата соработка од минатата недела во ОН кога ја поддржавме Резолуцијата на САД. На крајот беше усвоен предлогот на САД, рече Сијарто.
Потенцираше дека враќањето на мирот не е во интерес само на Македонија и на Унгарија, туку на сите бидејќи, како што рече, зајакнувањето на економијата на државите и на Европската Унија (ЕУ) зависи од мирот и од проширувањето на ЕУ во правец кон Западен Балкан.
– ЕУ има потреба од свежа сила и тоа може да дојде само од Западниот Балкан, рече Сијарто, кој смета дека во моментов поголем е интересот на ЕУ за зачленување на некои држави отколку на самите држави.
Обвини дека „голем број држави лицемерно се однесуваат и дека ова придонесува за уривање на довербата на земјите од Западен Балкан“.
-Постојано слушаме дека одлуката за членство во ЕУ треба да биде заснована врз основа на заслуги и Унгарија се согласува со тоа, посочи Сијарто, нагласувајќи дека овој принцип треба да се применува кон сите.
– Не може да се смета за заслуга ако има несогласувања меѓу држава земја членка и земја кандидат. Како што видовте ние секогаш сме се залагале за полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ, рече тој.
Сијарто рече дека имаме одлична шанса за иднината „бидејќи благодарение на измените на другата страна на Атлантикот, сега се зголемува шансата за враќање на мирот во Европа“.
– Но, за жал има и сили кои се обидуваат се да направат и да го спречат мировниот договор на претседателот Трамп, рече тој и уште еднаш ја потенцираше поддршката што Унгарија и ја дава на Македонија за зачленување на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема решение за војната во Украина без САД, кажа Муцунски од Будимпешта
Фото: МНР