еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија нема да праќа војници во Украина, ќе се преиспитува и воената помош за земјата

Македонија не планира да испраќа свои војници во Украина, како дел од евентуална воена мировна мисија, доколку таму се постигне мир.

Како што брифираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), таква одлука била донесена, бидејќи како земја-членка на НАТО, Македонија не смеела да дозволи каков било безбедносен вакуум од регионална гледна точка.

Како што велат од таму фокусот на земјата во следниот период ќе бил на регионот и на источното и јужното крило на НАТО.

Исто така ќе се одлучува и дали Македонија ќе продолжи со воената помош за Украина.

Позицијата на земјата, како што велат од МНР е дека Русија спровела воена агресија врз Украина, но истовремено од таму сметаат дека е дојдено време за дипломатија и за мир и оти принципиелно ќе поддржуваат секоја иницијатива што е насочена кон изнаоѓање на мир.

Правецот на надворешната политика на Македонија, како што појаснија од таму е стратешко партнерство со САД, членство во НАТО и полноправно членство во Европската Унија и секако приоритет за нашите национални интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Македонија единствено прифатливо решение е одложена примена на уставните измени

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој се ја „мерка“ фотелјата на Мицкоски?

Редакција

САД издвоија 500 милиони долари за владеење на правото, а има епидемија на корупција во Македонија, вели Агелер

Редакција

„Соларпро холдинг“ го доби тендерот на УКИМ за набавка на струја вреден 456.000 евра

Редакција