еМагазин
Image default
Балкан

Грчка влада: Во соседната земја беше направен историски чекор

Двотретински изгласаниот предлог во македонското Собрание за почеток на уставните промени е историски чекор што ги носи двете страни поблиску до финалното- стапување во сила на Договорот од Преспа, смета портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.

-Она што се случи во соседната земја, во ПЈРМ, е историски чекор за почеток на процесите за уставна ревизија и нѐ носи еден чекор поблиску до финалното – стапување во сила на Договорот од Преспа, нешто што создава целосно различни позитивни перспективи и во нашите билатерални односи со соседната земја, но и во регионот, на целиот Балкан. Веќе влегуваме во нова историска фаза. Ги оставаме зад нас конфликтите од минатото и мислам дека оваа нова фаза ќе се покаже како исклучително позитивна за просперитет и соработка на полуостровот, рече Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Реал фм“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на предвидените временски рокови, портпаролот на грчката Влада објаснува дека штом ќе се финализираат уставните измени, кои, според него, не е предвидено да завршат пред крајот на јануари, грчкиот Парламент ќе расправа за Договорот од Преспа, а потоа ќе биде ратификуван со предвиденото парламентарно мнозинство.

-Моето мислење е дека сѐ ова ќе се случи, бидејќи постои парламентарен и политички сооднос за ратификација и стапување во сила на Договорот, без да бидат предизвикани било какви политички разврски, кои не се директно поврзани со самиот овој договор, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор.

Тој го повтори ставот дека Ципрас и Каменос за конкретното прашање одново ќе разговараат кон почетокот на март, но и ги отфрла сценаријата за предвремени парламентарни избори во мај и покрај вчерашните изјави на коалицискио партнер во владата, лидерот на Независни Грци.

-Рече дека ќе ја напушти владата штом Договорот од Преспа дојде во грчкиот Парламент. Ова, во никој случај не значи дека владата нема политички и парламентарни услови да го заврши уставниот мандат, додаде Ѕанакопулос во интервју за „Реал фм“, пренесе МИА.

МИА/Фото: Влада на РМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува штетниот договор што отстапува македонски јазик и националност

Независни Грци: Остануваме во Владата додека Договорот од Преспа не дојде во грчкиот парламент

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катимерини“: Грчките воени сили се во состојба на подготвеност

Редакција

Европратеници велат дека Србија ќе биде Иран во Европа доколку не биде прифатен договорот со Косово

Редакција

Протест во Косово против албанската Влада затоа што „му помогна на Груевски да побегне“

Редакција