Во рамки на 60. седница на Собранието, на 18 октомври 2018 година, за вицегувернери на Народната банка беа именувани Емилија Нацевска и Ана Митреска, кои по спроведен оглас беа предложени од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска.
Ден потоа, пред стапувањето на функцијата, тие дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.
„НБРМ изразува задоволство што и овојпат, Собранието на Република Македонија, без ниту еден глас против, и без ниту еден воздржан, застана зад определбата високиот професионализам да биде основниот двигател при раководењето, носењето на одлуките и севкупното работење на централната банка. Само таквата, препознаена определба го гарантира континуитетот на успешното водење на монетарната политика и развојот на севкупното централнобанкарско работење во нашата држава“, информираат од Народна банка.
Фото: НБРМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во биографијата на новите вицегувернерки на Народната банка?