еМагазин
Бизнис

Внимание: „Макпетрол“ реагира на лажна фејсбук-страница со лажна наградна игра

Макпетрол АД ја информира јавноста дека фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не е официјална фејсбук страна на нашата компанија и нејзиниот креатор го злоупотребил името и логото на нашата компанија и бренд.

„Дополнително, ја информираме јавноста дека наградната игра објавена на оваа фејсбук страна не е во организација на Макпетрол АД и претставува ширење на лажни информации, односно доведување на потрошувачите во заблуда.

Фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не треба да ја прифатите како релевантен извор на информации поврзани со Макпетрол АД.

Ја поттикнуваме јавноста да ги следи нашите официјални интернет канали, фејсбук страна „Макпетрол Ultra“, веб страните „www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk“, како и твитер профилот „MakpetrolUltra“ преку кои ќе може да се информираат сите заинтересирани потрошувачи за најновите производи, акции, поволности, како и за официјалната наградна игра „Верна повторно наградува“.“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре разговори и интернет без роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ

Редакција

Брако: Единствени сме што произведуваме медицинска опрема во земјава

Редакција

Мултимилионски тендер: Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта купува 558.000 литри еуродизел

Редакција