Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола вчера поднесе обвинение за случајот со злоупотреби на тендер за избор на фирма за ископ на јаловина во РЕК Битола, а еден од обвинетите е и поранешниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заедно со него се обвинетите уште девет лица.
Матевски според ОЈО Битола во октомври 2022 година го склучил спорниот договор со фирмата РУД-КОП, откако од Комисијата за спроведување на јавната набавка претходно била елиминирана Гранит, која ги исполнувала техничките услови и имала најевтина понуда.
На договорот следел и анекс со што вредноста се зголемила за 20% или околу 2 милиони евра.
Кој е Матевски
Пред да стане директор на државната РЕК Битола, во ноември 2021 година, тој бил директор на Термоелектрана.
Според неговата биографија тој е дипломиран машински инженер, кој магистрирал менаџмент на човечки ресурси во 2016 година.
Претходно пак бил хармоникаш. Настапувал со групата Бон – Тон, а бил дел и од Три Бенд, со кој имал гостувања во ресторани и на свадбени веселби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО Битола бара замрзнување имот за злоупотребата при јавната набавка во РЕК Битола
Директор и вработени во ЕСМ осомничени дека проневериле 178,3 милиони денари