еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

ТРИ овој Саем на книгата го посветува на домашните писатели

Овој Саем на книгата на штандот на ТРИ ќе ве пречекаат многу (новитети од) домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80% и понуда од над 600 наслови.

ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели, со кои читателите ќе имаат можност да се сретнат од 8 до 14. мај, во Спортската сала „Борис Трајковски“.

Саемското искуство ќе биде збогатено со книжевни средби со ексклузивците на ТРИ и едни од најистакнатите македонски автори – Румена Бужаровска и Венко Андоновски, како и книжевни промоции, читања и музика.

На Саемот, на 10. мај, ќе се одржи промоција на едно од најновите домашни изданија на ТРИ од Патриша Марш-Стефановска, авторка на историска фикција и публицистика, како и преведувачка, меѓу другото и на драмите на Горан Стефановски на англиски јазик.

Нејзината книга „Наспроти мојата животна филозофија“ е прво издание на македонски јазик, а претставува мемоари за необјаснивото, кои не само што одблиску нè запознаваат со животите на нејзините блиски луѓе туку нè водат и подлабоко во невидливите нишки што нè спојуваат.

„Оваа книга нема три чина, туку стои рамо до рамо со театарските изведби на кои се играат животите на генијалните умови. Сведоштво за животот на Патриша и Горан Стефановски, трагачи по смислата на тоа што значи да се биде вистински слободен човек“, се вели во описот.

„Тони“, првиот роман на Румена Бужаровска, доживува трето издание, а саемската средба со авторката ќе се случи на 9 мај, петок.

На 11. мај, недела, читателите ќе се сретнат со писателот Венко Андоновски.

Од бестселерите ќе ги најдете „Дневникот на еден извршен директор“ од Стивен Бартлет, „48 закони на моќта“ од Роберт Грин, „Луѓето од свадбата“ од Алисон Еспак, а секако и новитетите што неодамна пристигнаа, меѓу кои е и најдоброто од Доли Олдертон – „Сѐ што знам за љубовта“.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 350.000 вакцини за Ковид-19 рокот им истекува до крајот на годината, интерес за вакцинирање нема

Редакција

(Фото) 200 јуниори на Sport Life се забавуваа и прошетаа во ЗОО паркот во Скопје

Редакција

Тенденцијата е да ме отстранат и замолчат, вели обвинителот Хајрулахи кој доби кривична заради малтретирање

Редакција