Мнозинството од семејствата на загинатите во пожарот во Кочани, одбиваат средба со премиерот вна 13 мај, се вели во писмото испратено до медиумите.
Во него наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани.
„Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, особено затоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата“, наведуваат во писмото.
Од семејствата појаснуваат дека нивниот став не е израз на целосен консензус, туку одраз на мислењето на мнозинството меѓу нив.
Повикуваат јавноста на солидарност и најавуваат мирен собир – „Марш на ангелите“, што ќе се одржи на 10 мај (сабота), со почеток во 16:05 часот во Кочани.
„Ова е наш начин да ја одбележиме болката, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори“, додаваат тие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ