еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари излегува од Владата, Мицкоски му посака добро здравје

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека министерот за здравство, кој го води едното крило од поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари излегува од Владата и му посака добро здравје.

Како што рече, неделава ќе го покани на кафе во Владата, за да сумираат што до сега е направено.

„Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука и убеден сум одлука на малкумина и дека тоа не е одлука на членството на Алијанса на Албанците и на голем дел на луѓето кои се дел од оваа Влада.

Чесно и доблесно беше самиот тоа да го направи да не ја влече Владата за нос и граѓаните, но ете полека, но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои повеќе од две децении ја пустошеа, криминалиизраа и ограбуваа и ја фрлија Македонија на колена“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Владата е стабилна и ќе продолжи да работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 114 болни од Ковид-19

Редакција

(Фото) По иницијатива на дизајн-сцената се изработуваат заштитни маски со визири за медицинските работници

Редакција

Каков имот пријавил министерот за екологија, Насер Нуредини

Редакција